Модерна и луксузна куќа со приватни градини

Од:

Како дел од 18 станбени единици што ги разви и дизајнираше Бан Пурипури, овој модерен објект е поставен во убаво опкружување на главниот град на Тајланд, Бангкок.

Трикатната куќа е пространа, со осветлен станбен простор и приватни градини.

Фасадата е креирана од вертикални бетонски прегради кои ја прекинуваат правоаголната структура. На терасите се наоѓаат по две саксии кои внесуваат зеленило на катовите и се уште еден дизајнерски елемент на предниот дел од фасадата.

Дневната соба има прозорци со двојна големина и лизгачки врати кои ги поништуваат границите меѓу надворешноста и внатрешноста, додека во исто време внесуваат природна светлина во ентериерот.

Од дневната соба се излегува на терасата со вертикална градина. На мезанинот сместена е трпезаријата.

Главната спална соба исто така е на првиот кат и исто така има големи прозорци. На последниот кат има уште две спални соби и сушална.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска