Реноминираниот швајцарски часовничарски бренд „Greubel Forsey“ го претстави својот нов брилијантен модел „Greubel Forsey Grande Sonnerie“, на кој е работено повеќе од 11 години.
Ова е прв дизајн на брендот што поседува звучни ефекти.
Дизајниран да биде удобен, покриен со лесен титаниум, „Greubel Forsey Grande Sonnerie“ ги чува сите свои 935 компоненти во куќиште со пречник од 43,5 милиметри.
Цената на овој часовник е 1.158.223 долари, а секоја година ќе бидат произведувани само по пет часовници.