Дрезденскиот симфониски оркестар ќе протестира против Трамп

Од:

Дрезденскиот симфониски оркестар на 3 јуни ќе одржи два концерти на границата меѓу САД и Мексико, во знак на протест против плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за изградба на ѕид долж граничната линија со цел запирање на илегалната миграција.

Во проектот на оркестарот наречен „Урнете го ѕидот” ќе се вклучат и американски и мексикански музичари. Концертите ќе започнат во исто време од двете страни на границата – во мексиканскиот град Тихуана и во американскиот Сан Диего.

– Овој концерт на американско-мексиканската граница не е само против овој ѕид. Списокот на ѕидови низ светот е многу долг. Национализмот расне, а ѕидови веќе се креваат и во свеста на луѓето, изјави Маркус Рид, еден од организаторите на концертите.

Се најавуваат и други протестни културно-уметнички манифестации на оваа граница за наредниов период.

На членовите на Дрезденскиот симфониски оркестар, основан во 1870, нема да им биде првпат да учествуваат во протести од ваков вид. Тие лани „го одбележаа“ и т.н. ерменскиот геноцид, со што го навлекоа гневот на турските власти.

– Се смета дека во светот моментно има околу 70 заштитни ѕидови. Пред 25 имаше само десетина, изјави професор Елизабет Вале од Универзитетот во Квебек.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД