Берлинското студиот „Ливен“, инспирирано од природата, односно од движењата на цветот при неговото отворање, го креираше прекрасниот „ИНМУВ“ лустер.
Динамичното тело на лустерот е креирано со употреба на инвертибилен диск, со чија помош лустерот може да се трансформира во мали и големи структури.
Во внатрешноста на цветовите се наоѓаат ЛЕД ламби кои ја менуваат бојата во зависност од нивната отвореност, при тоа создавајќи пригушено осветлување на плафонот, додека кога се затворени создаваат многу пофокусирано осветлување што се базира на целиот простор.
„ИНМУВ“ е многу лесен за отворање и затворање во зависност од потребата.