Судијата на Фрунзенскиот обласен суд во Харков, Владимир Трофимов, неговата сопруга, синот и неговата пријателка се убиени вчера во овој украински град, пренесоа руските медиуми.
На сите трупови им биле отсечени главите, соопшти Главната управа на украинското Министерство за внатрешни работи за Харковската област.
На местото на злосторството истрага водат обвинителството и полицијата, кои не ја исклучуваат можноста убиството да е извршено заради судската дејноста на Трофимов, наведуваат руските медиуми.
Жртвите на суровото убиство ги пронашол роднина во станот на Трофимови.