Илјадници жени облечени во бело маршираа низ главниот град на Венецуела, Каракас со цел да го засилат притисокот врз претседателот Николас Мадуро, чиј авторитет е доведен под знак прашање поради постојаните протести и немири во кои загинаа поголем број луѓе.
Протестот беше предводен од лидерите на опозицијата, пратениците и Лилијан Тинтори, сопругата на затворениот опозициски лидер Леополд Лопез.
Тие носеа цвеќиња и транспаренти со кои се осудува репресијата.
Полицијата и војската ги споречи учесниците на протестот да пристигнат до Министерството за внатрешни работи, но не се регистрирани судири и насилство.
Антивладините протести траат повеќе од еден месец, а имаше и судири со безбедносните сили и со приврзаниците на Мадуро. Во судирите загинаа најмалку 36 луѓе.