Валстром загрижена поради зголемената националистичка реторика на Балканот

Од:

Шведскиот министер за надворешни работи Маргот Вoлстром денеска во Сарево изјави дека зголемената националистичка реторика на Балканот е причина за „сериозна загриженост во врска со ситуацијата во овој дел од Европа“, повикувајќи ги земјите од регионот да се воздражат од слични појави и наместо тоа, да ја продлабочат меѓусебната соработка и да ги спроведат реформите, што би ги доближиле до членство во Европската унија, јави Хина.

– Како пријатели и партнери ние ја изразуваме нашата загриженост во врска со националистичката реторика не само во Босна и Херцеговина, туку во целиот регион. Неоходно е да се направи се што е можно со цел да се избегне тоа, посочи Валстром, по средбата со официјалните претставници на Сараево.

Валстром го посети Сараево во рамките на регионалната турнеја и потврди дека Шведска останува пријател и сигурен сојузник на Босна и Херцеговина, особено во однос на патот кон членството во ЕУ.

– Шведска го поддржува присоединувањето на Босна иХерцеговина во ЕУ и смета дека нејзиното членство е апсолутно реално, посочи шведскиот министер за надворешни работи, истакнувајќи дека тоа не може да биде постигнато без комплексни и длабоки реформи.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат