Се асфалтираат улици во населбата Пелтеково имање во Штип

Од:

Општина Штип почна со асфалтирање улици во населба Пелтеково имање.

Раководителот на Одделението за инспекциски надзор во општина Штип Тоше Ѓорѓев информира дека од денеска на барање на граѓаните во оваа населба се асфалтираат 7.500 метри квадратни.

– Вкупната вредност на оваа инвестиција е пет милиони денари, средства обезбедени од буџетот на општина Штип. Ова е трет пат како општина Штип асфалтира улици во населбата Пелтеково имање, потоа во Дузлачки рид и Света Недела, рече Ѓорѓиев.

Тој истакна дека во овие населби минатата година се асфалтираа главните улици, а сега се асфалтираат оние помалите и споредни улици.

Во овие три населби, како што рече, жителите си ги легализираат домовите, со што општината беше должна да им обезбеди асфалт до домовите. Во текот на викендов во Штип ќе се асфалтираат и улиците „Лисец“ и „Личка“.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски