Во две сообраќајки во Тетово повредени три лица

Од:

Три лица од кои едно петгодишно девојче се повредени во две сообраќајни несреќи што во текот на вчерашниот ден се случиле во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци девојчето по потекло од тетовското село Лавце било повредено додека одело пешки при што било удрено од патничко возило „Опел астра“ со тетовски таблици управувано од 31-годишниот П.В. од Фалише. Несреќата се случила околу пладне на улицата „Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово.

– Повреденото девојче со друго возило било пренесено во тетовската болница и по укажаната лекарска помош било пуштено дома. Извршен е увид, а причина за несреќата првично е неприлагодена брзина односно пребрзо возење, рече Јосифовски.

Втората сообраќајка се случила вчеравечер околу 20 часот на улицата „146“ во Тетово. Во неа учествувале патничко возило „Сузуки свифт“ со тетовски регистерски таблици, што го управувал тетовецот Ф.Џ.(29) и скутер „Јијинг“ со скопски таблици управуван од тетовецот Б.И.(44) а на кој се наоѓал и сопатникот Е.И.(24) исто така од Тетово.

– Во судирот возачот на скутерот и неговиот сопатник се здобиле, со тешки телесни повреди. Првиот скршеница на левото рамо и стопало на левата нога, а вториот телесни повреди. Двајцата со друго возило биле пренесени во тетовската клиничка болница, укажана им е помош и пуштени се на домашно лекување, рече Јосифовски.

Извршен е комплетен увид и се утврдува причината и се друго поврзано со несреќата. Првично причина е недржење прописно растојание.

Би можело да ве интересира

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Горан Наумовски

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

19-годишно момче е осомничено за убиство на 16-годишен малолетник

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година

Извештаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе се готови, Таравари повика да делуваат судските органи ако се утврди лекарска грешка

Катерина Ѓуровски

Труење е веројатната причина за смртта на мајката и детето во тетовското село Слатино

Катерина Ѓуровски