Парламентот на Венецуела против одлуката на Мадуро за излегување од ОАС

Од:

Парламентот на Венецуела, кој е под контрола на опозицијата официјално достави дека нема да ја напушти Организацијата на американски држави (ОАС) со седиште во Вашингтон, што е спротивно на одлуката на претседателот Николас Мадуро.

– Ги доставувам документите, кои едногласно беа одобрени од венецуелскиот Парламент, со цел да се спречи излезот на Венецуела од ОАС, изјави пратеникот Хулио Борхес по средбата со генералниот секретар на Организацијата, Луис Алмагро.

Тој додаде дека процедурата на венецуелската Влада е апсолутно невалидна, бидејќи Уставот забранува повлекување од меѓународен договор, кој вклучува заштита на човековите права.

ОАС не прецизира дека барањето на Парламентот ќе се одрази на процедурата за излегување на Венецуела, за што Мадуро официјалчно го извести Алмагро.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски