ВИДЕО: Студент од Мексико дизајнираше градник кој детектира рак на дојката

Од:

Осуманесетгодишен студент од Мексико дизајнираше градник кој може да им помогне на жените во рано откривање на рак на дојката.

Хулијан Риос Канту изјави дека за ова откритие го инспирирала неговата мајка, која се борела со оваа болест и на која поради рак и биле отстранети двете дојките. Градникот е наречен ЕВА и е дизајниран пред се за жени со генетска предиспозиција за рак.

– Зошто градник? Затоа што ни дозволува да имаме гради во иста положба, а не мораме да го носиме повеќе од еден час неделно, изјави Канту во интервју за „Ел Универзал“.

Во него се наоѓаат 200 биосензори кои ја мапираат површината на дојките и ја следат промената на температурата, обликот и тежината. Биосензорите можат да ја одредат спроводливоста на топлината во одредени зони на дојките што може да укажува на поголем проток на крв што значи дека тие крвни жили нешто „хранат”, обично некој вид на рак.

– ЕВА е мрежа на биосензори кои ја покриваат женската дојка, земаат податоци за температурата, ги анализира и праќа информации на апликација или компјутер, објасни Канту.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска