Притвор за уште едно лице и мерка претпазливост за две лица за нередите во Собранието

Од:

Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје пред судија на претходна постапка, во текот на вчерашниот ден беа спроведени три лица со предлог на Основното јавно обвинителство – Скопје за определување мерка притвор за едно лице и определување мерки за претпазлиовост за две лица.

Во соопштението се наведува дека Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое за едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 од КЗ и кривично дело Предизивикување општа опасност од член 288 од КЗ го прифати предлогот на Јавното обвинителство и му определи мерка притвор во трање од 8 дена. За другите две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 од КЗ, Судот го прифати предлогот на Јавното обвинителство и им определи мерки на претпазлиовст од член 146 ст.1 т. 1,2,3 и 5 од ЗКП. Мерката подразбира забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за посетување на определено место или подрачје.

Би можело да ве интересира

Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, реагира Клубот на пратенички

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски