Чешкиот премиер Бохуслав Соботка нема да поднесе денеска оставка, но планира тоа да го направи кон средината на овој месец, изјави неговиот портпарол.
Како што се наведува, Соботка ќе го информира шефот на државата Милош Земан за ситуацијата во владејачката коалиција и ќе одреди датум кога официјално ќе поднесе оставка, најверојатно по враќањето на чешкиот премиер од Кина во втората половина на мај.
Соботка неочекувано во вторникот објави дека тој и неговата Влада ќе се повлечат од позициите, шест месеци пред истекот на нивниот мандат.