Двојно пониски се нивоата на реките Вардар и Црна, а Сатеска бележи дури шест пати помал водостој од просекот за мај, покажува хидролошката состојба.
Како што соопшти УХМР, според мерните станици, нивото на Сатеска на 29 и 30 април било пет сантиметри за разлика од мајскиот просек кој изнесува 38.
Нивото на Пчиња, пак, е во рамки на просекот, околу 100 сантиметри, додека на Крива, Треска, Струмица и Црн Дрим водостоите се пониски, но не драстично.