Во рамки на одбележувањето на Европската недела, Словенечкиот центар Скопје органиизира концерт на словенечкиот виолинист со светска кариера Миха Погачник, кој вечер ќе настапи во Македонската опера и балет.
Концертот е организиран во соработка со МОБ, Македонската филхармонија и со поддршка на Делегацијата на Европската унија во Скопје.
– Со овој спектакл преку Словенија сакаме да проследиме порака до Брисел дека Европа треба да ја заврши својата сторија и да ги вклучи државите од Западен Балкан во нејзината структура. Се додека тоа не се случи, Европа останува „недовршено ремек-дело“, соопшти организаторот на настанот.