Трамп: Подготвен сум да посредувам меѓу Палестинците и Израелците

Од:

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави денеска дека е подготвен да помогне и да биде посредник во потпишувањето на конечниот мировен договор меѓу Палестинците и Израел.

Трамп на прес-конференцијата одржана пред состанокот со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Белата куќа истакна дека Израелците и Палестинците мораат да работат заедно со цел постигнување на договор, што не може да биде наметнат.

– Подготвен сум да бидам посредник и да ви помогнам. Но, вие мора да постигнете договор. Палестинските лидери мораат едногласно да го осудат насилството и омразата, наведе Трамп.

Американскиот претседател нагласи дека мирот значи и победа над терористичките организации како што е Исламската држава. Тој ја пофали соработката меѓу безбедносните служби на Израел и Палестина.

Абас изрази уверување дека Трамп може да помогне да се постигне долго очекуваниот мир.

– Вие сте посветени и имате желба се да добие свој „плод“ и да биде успешно, објасни Абас.

Трамп најави дека ќе разговара со Абас за економската соработка, развојот на приватниот бизнис, вработувањето и владеењето на правото, што, како што нагласи тој, се клучни за постигнување на мир.

Би можело да ве интересира

Гренланд утре оди на клучни избори

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски

Орбан: Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон

Горан Наумовски

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

(ВИДЕО) Драма во САД: Итно активирани ловци Ф-16

Горан Наумовски

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма