ОЈО: Поднесен предлог за притвор за едно, а мерки на претпазливост за уште две лица за настаните во Собранието

Од:

„Во Основното јавно обвинителство Скопје детално се прегледува доставениот доказен и видео материјал за нередите во Собранието на Република Македонија, со цел утврдување на фактите и кривичната одговорност на инволвираните лица.

За едно од лицата за кои МВР поднесе известување, обвинителството цени дека постои основано сомнение дека лицето сторило кривично дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 и Предизвикување општа опасност од член 288 од Кривичниот законик. За осомниченото лице до судија на предходна постапка во Основниот суд Скопје 1 Скопје, надлежен јавен обвинител поднесе Предлог за определување на мерка притвор. За две лица, обвинителството оцени дека постои основано сомневање дека сториле кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 од Кривичниот законик и за нив до судија на предходна постапка поднесен е Предлог за определување Мерки на претпазливост.

За останатите две лица за кој беше доставено известување, обвинителството утврди дека не постои основано сомневање дека сториле кривични дела. По однос на другите две лица во тек е натамошно преземање на активности за утврдување на фактите, за да може да се донесе јавно обвинителска одлука.

Дејствијата кои се преземаат од страна на надлежните јавни обвинители продолжуваат во континуитет“ се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

Вечерва продолжува собраниската расправа за именување на Славески за гувернер на Народна банка