СДСМ до Собранието ќе поднесе предлог за разрешување на целиот состав на Комисијата за лустрација.
Ги повикува членовите на Комисијата избрани на предлог на опозицијата да поднесат оставка и да се повлечат од работата на Комисијата.
СДСМ, најави лидерот Бранко Црвенковски, ќе поднесе кривична пријава против претседателот на Комисијата, Томе Аџиев, за грубо кршење на Законот и незаконско водење на Комисијата.
За СДСМ, сите одлуки на Комисијата за верификација на фактите, засновани на противуставен и противзаконит начин, се ништовни.
Комисијата , рече Црвенковски, се претвори во партиска инквизиција, кој брутално гази врз достоинството на луѓето, одлучувајќи, не врз основа на фактите , туку врз основа на партиски директиви.
За ставот на СДСМ за лустрацијата од изјавата на Бранко Црвенковски.