„Најдолгата“ станбена зграда во светот

Од:

Во Њујорк наскоро ќе се изгради највисоката зграда во светот, со уникатен дизајн и ќе биде една од архитектонските чуда.

Поради стриктните градежни закони, ограничувања за висината и урбанистичките планови, проектантите бараат можност за зголемување на висината на нивните објекти.

„Биг Бенд“ е револуционерна стаклена кула која нуди архитектонски решенија за градската опсесија на вертикални градби и престижна панорама. Проектот ќе ја замени висината со должина на својата конструкција.

„Биг Банд“ е прогласен за најдолга зграда на светот со приближно 1.220 метри и спојува две локации во облик на латиничната буква „У“ (U). На врвот од „Биг Банд“ предвидено е да има пентхаус.

Најинтригантни од се е уникатната линија на лифтовите во зградата, кои ќе можат да патуваат на косо, хоризонтално и полукружно. Тоа е овозможено со иновативниот систем на траки кои се сменуваат.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска