Олимпијакос последен патник на „фајнал-форот“ во Евролигата

Од:

Олимпијакос е последниот тим патник на завршниот „фајнал-фор“ турнир во кошаркарската Евролига.

Екипата од Атина ја искористи предноста на домашниот терен и во решавачкиот петти меч од четвртфиналето го совлада турскиот тим Анадолу Ефес со 87-78, па со конечни 3-2 во победи се пласира на заврниот „фајнал-фор“ во Истанбул.

Спанулис со 22 поени беше прв играч и на овој натпревар, додека Принтезис придодаде 14 поени за победничкиот тим постигна, а Четин Осман со 11 поени беше прв стрелец кај гостите од Истанбул.

Во полуфиналето Олимпијакос за противник ќе го има актуелниот шампион ЦСКА Москва, додека вториот полуфинален пар ќе го сочинуваат Фенербахче и Реал Мадрид.

Завршницата, односно на „фајнал-фор“ турнирот во Истанбул, ќе се игра на 19 и 21 мај.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска