Компанијата „Амазон“ претстави нов куќен стилист – уредот „Ехо Лук“.
Се работи за камера која со помош на советите на модните експерти проценува дали сте убаво облечени.
„Амазон“ го опишува „Ехо Лук“ како паметно огледало со кое може да разговарате и да го фотографирате својот изглед од различни агли, а потоа со помош на уредот да процените дали сте ја одбрале најдобрата комбинација.
Уредот првично бил замислен како безбедносна камера, но по надградбата на ЛЕД светла, микрофон и ѕиден носач инженерите од „Амазон“ сфатиле дека „Ехо Лук“ би бил одличен куќен моден стилист и за жени и за мажи.
На „Ехо Лук“ можете да ја инсталирате апликацијата „Стајл Чек“, која споредува повеќе комбинации и предлага која е најдобра.
Потенцијалните купувачи „Ехо Лук“ можат да го порачаат преку „Амазон“, по цена од 200 долари.