Британските лордови против подршка на политиката на Трамп на Блискиот исток

Од:

Непредвидливата политика на претседателот на САД Доналд Трамп на Блискиот Исток, значи дека Велика Британија не треба повеќе да ја поддржува американската политика во регионот, се вели во извештајот на Комитетот за меѓународни односи на Горниот дом на Парламентот.

Извештајот на Домот на Лордовите, како уште се нарекува парламентарниот Горен дом, беше подготвуван шест месеци и во него се предупредува дека актуелната администрација во Вашингтон со својата политика, би можела „уште повеќе да ја дестабилизира ситуацијата“ во овој дел од светот.

Посебни несогласувања лордовите имаат со „непријателскиот однос“ на Трамп и на неговата администрација кон иранската нуклеарна програма, како и кон несогласувањето на сегашната администрација со политиката на „две држави“, една покрај друга на Блискиот исток – мислејќи на Израел и палестинската држава, како трајно решение за израелско-палестински конфликт.

Во извештајот на членовите на Горниот дом се вели дека Британија треба да се дистанцира од американската позиција и од владата на премиерот Тереза Меј се бара да изврши „фундаментално преразгледување“ на британската политика кон регионот.

Од британската влада се бара јавна поддршка на договорот за иранската нуклеарна програма, реафирмација на политиката за „две држави“, определување јасна политика кон сириската војна и заземање „потврда позиција“ кон Саудиска Арабија, во врска со нејзиното однесување во Јемен.

Извештајот на лордовите доаѓа по минатомесечната изјава на министерот за надворешни работи, Борис Џонсон за тоа дека Британија „не би можела да рече-не“ на евентуално американско барање за британска поддршка на САД во еден нов воздушена напад врз територијата на Сирија.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски