Тајланд: Авион налета на воздушен џеб, повредени над 20 лица

Од:

Најмалку 20 лица се повредени, меѓу кои некои потешко, откако авион на руската компанија „Аерофлот“ налета на „воздушен џеб“, додека леташе на релација Москва – Бангкок, јави денеска ТАСС, повикувајќи се на руски дипломат.

– Повредените имаат повеќекратни скршеници. Меѓу нив има руски државјани, но и странци, изјави шефот на конзуларното одделение на руската Амбасада на Тајланд Владимир Соснов.

Според него, патниците кои се здобиле со повреди, најверојатно не ги имале врзано појасите.

Повредените се префрлени во болница во Бангкок, а рускиот амбасадор на Тајланд Кирил Барски изјави дека десетина повредени се хоспитализирани, од кои, на две лица требало да се изврши оперативен зафат.

ТАСС, повикувајќи се на аеродромски извор, наведе дека 25 лица се повредени кога авионот на летот СУ-270 наишол на зона на силна турбуленција во момент кога се приближувал кон тајландската престолнина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач