Во ХЕЦ „Шпилје“ произведени 230 милиони киловат-часови

Од:

Во хидроелектричната централа „Шпилје” до денеска се произведени 230 милиони киловат-часови електрична енергија.

– Досегашното остварено производство е над 96 отсто  на годишниот план, кој изнесува 238 милиони киловат-часови. Како резултат на поволната хидрологија и подготвеноста на електраната да ја прими и преработи целата количина на вода, оптимисти сме дека до крајот на годинава планот ќе биде целосно реализиран, изјави портпаролот на ЕЛЕМ  Мирече Котески.

Моментниот среден дотек во вода во акумулацијата „Дебарско Езеро” изнесува 50 кубни метри вода во секунда, односно 15 кубни метри се влеваат од Радика додека 35 кубни метри вода доаѓа од „Глобочица“.  Во акумулацијата има  резерва на вода за производство на околу 16 милиони киловат-часови.

Планот за минатата година беше остварен 95 отсто. Во 43-годишното постоење на електраната, рекордно производство на електрична енергија е забележано во 2011 година кога беа произведени околу 560 милиони киловат-часови поради мошне поволната хидрологија на дебарското сливно подрачје.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања

Горан Наумовски

Отворени понудите за универзален снабдувач на електрична енергија за потрошувачите на регулираниот пазар

Горан Наумовски

РЕС ја зацврстува лидерската позиција во снабдувањето со електрична енергија на приватниот сектор

РЕС одбележува една гостина постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија во енергетската криза

(ВИДЕО) Објавено е огромно откритие за нуклеарната фузијата, потенцијален извор за бесконечна енергија

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: За да го земе Владата заемот за ЕЛЕМ треба да се затворат РЕК Битола и Осломеј и да се интегрира Македонија со грчкиот пазар, тоа е енергетска анексија