Валтери Ботас ја оствари првата победа во кариерата во Формула 1 шампионатот.
Финецот беше најдобар на денешната трка возена во Сочи, за Големата награда на Русија. Одличниот старт кога успеа да ги мине двата болиди на Ферари, на возачот на Мекларен му го донесоа првиот триумф.
Иако во финишот на трката Германецот, Себастијан Фетел се обиде да го надополни загубеното, сепак Ботас одолеа на притисокот и прв ја мина целната рамнина. На пиедесталот се искачи и неговиот сонародник и конкурент од Ферари Кими Раиконен, додека тимскиот колега на Ботас од Мекларен, Британецот Луис Хамилто заврши на четвртото место.
Токму оваа четворка на возачи ќе ја води и битката за шампионскиот трофеј, а со новите бодови изгледот на Генералниот пласман е следниот: Себастијан Фетел 86 бодови, Луис Хамилтон 73, Валтери Ботас 63, Кими Раиконен 49,…
Следна трка во Формула 1 шампионатот е закажана за 14 мај, а ќе се вози на патеката во Барселона за Големата награда на Каталуња.