Во близина на Прилеп ќе се гради фабрика за секундарна селекција на отпад

Од:

Кај депониjата Алинци во општина Прилеп ќе се гради фабрика за секундарна селекција на отпад, прва во Македонија, инвестиција во вредност од околу 60 милиони денари, која ќе овозможи и 100 нови вработувања.

– Фабриката се планира да прерасне во модерен комплекс поврзан со заштита на животната среднина кој ќе овозможи селекција на отпадот, подобрување на еколошките аспекти на целиот регион како и нови вработувања, информираат од општина Прилеп.

Линијата за секундарна селекција на отпадот ЈКП „Комуналец“ од Прилеп ја набави уште во 2013 година и е со капацитет за преработка на 150 тони отпад во текот на 24 часа.

Во општина Прилеп во просек се собираат околу 90 до 100 тони отпад дневно. Остатокот за потребите на линијата ќе се надополнуваат со селекција на отпадот од депонијата Алинци.

Покрај халата ќе се гради и големо плато за сместување на рециклирачките материјали. Планирано е во оваа фабрика да се преработи целото ѓубре од депонијата и за 5 до 6 години депонијата да биде целосно затворена и рекултивирана.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски