СДСМ: Мнозинството ја исполни обврската, избра собраниски претседател, ќе избере и Влада

Од:

„Парламентарното мнозинство ја реализираше својата обврска кон граѓаните, достоинствено, мудро и внимателно, како што им доликува на новите политичари што народот ги избра да ја водат државата.

Новиот претседател на Собранието е избран според Деловникот, законите и Уставот. Во периодот што престои, согласно Деловникот, Уставот и законите ќе биде избрана и новата реформска Влада на граѓаните.

Демократските процеси ќе продожат бидејки тоа е иднината на граѓаните за квалитетен живот и тоа е патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.

Тоа е мнозинската волја на граѓаните и таа одлучува, а не на групата насилници и криминалци.

Парламентарното мнозинство за овој процес ја има поддршката од најмалку 700.000 граѓани кои избраа промени, но и на сите други граѓани и припадници, активисти на партии кои видоа колку е грдо лицето на Груевски, Иванов, Велјаноски, Чавков и насилниците извршители и не сакаат да бидат нивни соучесници и нивен инструмент во иднина.

Нема повеќе место за политиките на тензии, поделби, омраза, дестабилизација со што сите тие со крвавото насилство во Парламентот направија тешко кривично дело, терористичкото зaгрозување на уставниот поредок и безбедноста на пратеници, новинари, вработени во Собранието и врз државната институција, Парламентот.

ЈО и МВР мора да постапат по службена должност за ова организирано сценарио и нарачателите, насилниците и криминалците, да понесат одговорност.

Македонија е на патот на демократијата и оди напред. Никој не смее и нема да ги попречи демократските процеси“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски