Градоначалникот на општина Центар, згрозен од ладнокрвното убиство на куче со секира среде Скопје, реагираше и за ова разговарал со командирот на П.С. Центар.
„Само што зборував со Командирот на П.С. Центар. Според нив, обезбедени се сите докази за свирепото убивање на куче со секира. И официјално е утврден идентитетот, истрагата е завршена и сторителот ќе одговара.
Јасно ми беше соопштено дека, согласно одредбите од Законот, ЌЕ БИДЕ ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА!“ вели Жерновски.