ОМД: Демократијата не признава насилство

Од:

Обединетата македонска дијаспора денеска преку соопштение ги осуди случувањата во македонското Собрание и побара итна истрага и превземање на сите законски мерки против прекршителите на законот.

– ОМД најостро ги осудува физичките напади врз пратениците кои се случија во македонската куќа на демократијата – Собранието на Република Македонија. Овој чин го наруши интегритетот и безбедноста на пратениците. Употребата на насилство и нарушувањето на безбедноста на кој било граѓанин на Република Македонија, без разлика на полова, национална и верска припадност, е крајно неприфатливо и казниво со закон. Демократијата не признава насилство, туку цивилизиран дијалог, посочуваат од ОМД.

Според оваа организација на македонските иселеници, во овие судбоносни моменти за државата, лидерите се тие кои со присебност, умереност, почит кон политичкиот противник и компромис можат да ги постават темелите на успешна и стабилна демократија.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он