Најмалку 20 загинати и 24 исчезнати во свлечиште во Киргистан

Од:

Најмалку 20 лица загинаа, а 24 се исчезнати, откако денеска, при лизгање на земна маса беа затрупани куќи во село во Киргистан.

Единаесет еднокатни куќи во јужното планинско село Ају се покриени со четири метри кал. Над 150 лица работат во спасувачките операции. Меѓу исчезнатите има девет деца, соопшти цивилната заштита, цитирана од ДПА.

Причина за свлечиштето се поројните дождови, посочуваат агенциите.

Точниот број на луѓето кои денеска изутрина беа погодени од катастрофата не е познат.

Претседателот Алмазбек Атамбаев изјави дека она што се случи е трагедија и истакна дека неодамна селаните биле предупредени за опасноста од лизгање на земјиштето. Тој изрази жалење што тие не го послушале советот да го напуштат селото.

Би можело да ве интересира

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Силен земјотрес во Киргистан

Обид за државен удар во Киргистан, Москва многу внимателно ги следи сите случувања

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Киргистан

Повторно судири на таџикистанско-киргистанската граница: Две лица убиени, 55 ранети

А1он

Киргистан и Таџикистан договорија прекин на огнот

Ана Ололовска