А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Обвинителство: Не е поставена правна квалификација за кривичните дела на напаѓачите во Собрание

by А1он29/04/2017 - 14:24165
Share0

Основното јавно обвинителство Скопје излезе со соопштение во кое наведува дека е во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи во врска со идентификација на учесниците во нередите кои се случија во Собранието на Република Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Дежурните јавни обвинители редовно се известувани за текот на настаните и даваат насоки за натамошното постапување на полицијата. При прием на информации, согласно на поединечните настани, се преземаат конкретни мерки и дејствија. Поради обемноста во постапувањето на обвинителството до овој момент се вклучени шест јавни обвинители, но согласно потребите бројката на вклучени јавни обвинители се очекува да се зголеми, а се во насока на брзо и ефикасно расветлување на овие кривично правни настани“, велат од ОЈО.

Од таму велат дека до овој момент не е поставена правна квалификација на извршените кривични дела, а поставувањето на конкретната правна квалификација за секое лице за кое ќе се утврди дека сторило кривично дело ќе биде сторено откако ќе се собере потребниот доказен материјал одделно за секое лице инволвирано во кривично правните настани и по утврдување на фактите.

„Оттука ја известуваме јавноста дека Основното јавно обвинителство Скопје нема направено никаква преквалификација на било кое кривично дело и дека досега објавените информации во дел од медиумите се шпекулација. Бројот на лицата лишени од слобода, конкретните дејствија на истражните органи, како и натамошните дејствија кои ќе бидат преземени, јавното обвионителство ќе и ги соопшти на јавноста кога ќе се создадат услови за тоа и откако надлежните јавни обвинители ќе завршат со првично утврдување на фактите“, стои во соопштението на ОЈО.

Следете a1on на Youtube YouTube

Како што вчера објави А1он, приведените за нападите врз пратеници и новинари се ослободени, а Јавното обвинителството има притисоци и влијание да се смени правната разрешница и виновниците за вчерашното дивеење и обидот за линч на пратениците да останат неказнети.

mvrojosobranie

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 16:15

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Катерина Ѓуровски26/06/2026 - 14:03

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ19/06/2026 - 12:5419/06/2026 - 13:08

Петмина скопјани се под истрага на Обвинителство – ја поддржуваат идеологијата на ИСИС

А1он17/06/2026 - 18:42

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Предраг Петровиќ10/06/2026 - 17:43

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Горан Наумовски10/06/2026 - 12:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто