Кошаркарите на Реал Мадрид се третата екипа која избори пласман на завршниот турнир од кошаркарската Евролига. Тие вечерва во натпреварот број 4 ја постигнаа третата победа над Дарушафака и ја добија четвртфиналната серија со 3-1 во победи. Реал славеше со 89:78 и ова беше втора гостинска победа.
„Кралскиот клуб“ ги доби првите три четвртини и по 30 минути имаше 14 поени предност (72:58) што беше решавачко за триумф.Најефикасен на дуелот беше играчот на Дарушафака Бред Ванамејкер со 25 поени, додека кај Реал Мадрид Серхио Љуљ постигна 17.
Вечерва во тек е уште еден натпревар во Истанбул Анадолу Ефес е домаќин на Олимпијакос, а водство од 2-1 во победи има Анадолу Ефес.
Реал Мадрид во полуфиналето ќе игра против Фенербахче, додека ЦСКА Москва за ривал ќе го има подобриот од пресметката меѓу Анадолу Ефес и Олимпијакос. Завршниот турнир ќе се игра од 19 до 21.мај во Истанбул.