Тилерсон: Реална е заканата од Северна Кореја за нуклеарен напад врз Токио и Сеул

Од:

Заканата од нуклеарен напад врз Јапонија и Јужна Кореја од Северна Кореја е реална, изјави денеска пред Советот за безбедност на ОН, државниот секретар на САД Рекс Тилерсон.

– Заканата од севернокорејски нуклеарен напад врз Сеул и Токио е реална и веројатно само прашање на време е кога Северна Кореја ќе развие капацитети за извршување напад на територијата на САД, изјави Тилерсон, кој претседаваше со вонредна седница на Советот на министерско ниво.

Тој додаде дека „сите опции за одговор на идни провокации треба да останат отворени на маса“.

– САД не се стремат кон смена на режимот во Северна Кореја, нагласи Тилерсон.

Според него, сега е време за нов притисок врз Северна Кореја за да се откаже од опасното однесување на властите.

Тилерсон повика за нови санкции против Пјонгјанг и предупреди дека ако СБ на ОН не преземе акција против севернокорејската програма за вооружување, тоа ќе има катастрофални последици.

– Неопходно е меѓународната заедница да продолжи со засилена финансиска изолација на Пјонгјанг, повика Тилерсон.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски