Лани 15 смртни случаи на работно место, најмногу во градежништвото и преработувачка индустрија

Од:

Градежништвото и преработувачката индустрија се сектори каде има најмногу смртни случаи од повреда на работно место во Македонија. Минатата година регистрирани се 15 смртни случаи, а бројот на повреди е 1480. Во светски рамки се забележуваат четири смртни случаи на работници секоја минута, а економските последици од ова се проценуваат на четири проценти од БДП на земјите.

Ова денеска беше истакнато по повод Светскиот ден за безбедност одбележан од Советот за безбедност и здравје при работа на Македонија со поддршка со Меѓународна организација на труд – Канцеларија Скопје.

Слаѓана Андоновска од Државниот инспекторат за труд истакна дека бројот на смртни случаи во 2016 година е намален и оти се задоволни од порастот на свеста на работодавачите што го следиме преку преземање пријави за сторен прекршок, каде се забележува намалување.

Посочи дека се зголемил бројот на претставки од вработени кои пријавувале забелешки во однос на безбедноста и здравјето при работа и тој број во 2016 година изнесувал 152, а во 2015 година 92 претставки. Намалување е забележано и на изречените мандатни казни од 72 во 2015 година, на 20 во 2016 година.

Јованка Караџинска Бислимовска, претседател на Советот за безбедност и здравје при работа на Република Македонија потенцира дека основната цел е да се превенира и оти затоа треба да се работи заеднички со сите вклучени страни за да се одредат мерки и политики.

Според неа тоа ќе се прави преку воспоставување единствен информатички систем и ќе се оди на усогласување на ЕУ методологијата.

Потенцира дека Македонија има статистика што се води во Институтот за јавно здравје и другата во Државниот инспекторат за труд. Но додава дека пријавувањето и регистрирањето на повредите не е доволно.

Би можело да ве интересира

Голем интерес за сезонска работа: Рекорден број на агенции за вработување странци во Хрватска

А1он

На граѓаните не им се работи во „Бехтел и Енка“: Стигнале само 360 апликации за 2.000 работни места

A1on

Бројот на слободни работни места во Словенија достигна рекордно високо ниво во вториот квартал

Драстичен пад на вработените во угостителскиот сектор во Германија

Во Хрватска сезонска плата над 1000 евра за печење палачинки

Предраг Петровиќ

Стопанството бара под итно да се изгласа ребалнсот на Буџетот

Ана Ололовска