Во Штип 345 земјоделци пријавиле штети од мразот

Од:

Штипските земјоделци до Комисијата за проценки на штети на општина Штип до денеска доставиле вкупно 345 барања за обесштетување на лозовите и овошните насади од мразот.

Портпаролот на општина Штип Драган Ристов денеска изјави дека најголем дел од пријавите се за обесштетување на овошни и лозови насади, а имаат само еден случај на обесштетување за последици по пчелните семејства.

– Општина Штип ги известува граѓаните дека рокот за поднесување истекува денес, но за да им се излезе во пресрет на оние кои им е потребно уште време за прибирање на документацијата, пријавите ќе се примаат и во вторник. Доколку некој има проблеми со документацијата или постапката, слободно може да побара помош од надлежните во локалната самоуправа, рече Ристов.

Општина Штип апелира земјоделците да пријавуваат штети кои навистина им носат финансиски потешкотии бидејќи Комисијата евидентирала и пријави за штети на неколку стебла овошје или на неколку лозови насади.

Во тек е и пријавувањето на штетите во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водстопанство. Земјоделците во подрачните единици на МЗШВ ќе можат штетите од пролетниот мраз да ги пријавуваат до 10 мај.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади