Груевски: Насилството во Собранието беше сценарио за да се оттргне вниманието од незаконскиот избор на спикер

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција во седиштето на партијата на која што кажа дека го осудува вчерашното насилство во Собранието на Република Македонија и дека според него тоа било испровоцирано за да се стави во сенка незаконското бирање на претседател на Собранието.

– Денес беше лош ден за Македонија, а последиците ќе се чувствуваат подолг период, изјави Груевски и објасни дека за време на инцидентите во Собранието се наоѓал во Австрија и дека веднаш по неговото враќање во Скопје, свикал состанок на Извршниот комитет на партијата.

Тој изјави дека го осудува насилството направено од поединци и кажа дека никогаш не поддржувал насилство и дека не ни помислувал на власт да дојде или остане со насилство.

– Повикувам институциите да направат брза и ефикасна истрага и да ги откријат виновниците. Па по обезбедувањето на докази да ги изведат пред суд оние кои нанесоа повреди на пратениците, граѓаните и полицајците, изјави Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повика да не се ставаат во ист кош граѓаните кои што, како што кажа, мирно протестираат со оние поединци кои што вчера направија насилство и ги поздрави пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои што несебично помагале на нападнатите пратеници.

-Ја поздравувам и полицијата која што се вклучи во смирување на ситуацијата, а ги поздравувам и странците со кои што се слушнав вечерва и кои испратија пораки за смирување на ситуацијата, изјави Груевски и кажа дека на повредените им посакува брзо закрепнување.

Во својот говор Никола Груевски го осуди начинот на кој што СДСМ и другите партии од коалицијата одлучиле, да како што рече, направат обид незаконски да изберат претседател на парламентот со што придонеле за зголемување на тензиите и поларизација на македонското општество.

– Провокациите кон ВМРО-ДПМНЕ и кон македонскиот народ се директен причинител за оваа ескалација. Начинот на кој што се обидоа да изберат претседател на Собранието е незаконски, противуставен и вон собранискиот Деловник. Раководството на СДСМ и другите партии го знаат тоа и тие свесно одлучија да ги прекршат законските норми за што ќе сносат одговорност, рече Груевски.

Тој најави дека во наредните денови ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави следните чекори на партијата и кажа дека ќе останеле на страната на народот, Уставот и националните интереси на државата.

Груевски повика и да се прифати иницијативата на Иванов за одржување на лидерска средба и изнаоѓање на институционално решение по мирен пат, бидејќи како што рече, само преку дијалог може да се излезе од кризата.

– Во повеќе наврати јавно говорев за можните ризици од ваквиот однос на СДСМ и партнерите. Ги повикувам граѓаните да не подлегнуваат на провокациите на СДСМ. Правото да се протестира е загарантирано за сите, но вечерва некој сакаше да направи хаос и за тоа да го обвини ВМРО-ДПМНЕ, рече Груевски.

Тој изјави дека народот има право да ја брани земјата, но дека ваквите физички пресметки одат на директна штета на Македонија.

– Оние кои го правеле сценариото сакале насилство за да се стави во сенка незаконското бирање на претседател на парламентот. Нивната цел била никој да не говори за тоа, туку за насилството на поединци, а прстот да се впери кон ВМРО-ДПМНЕ, изјави Груевски.

На крај тој ги повика граѓаните да останат присебни, да не наседнуваат на провокации, а политичарите ги повика да не превземаат дејствија со кои што се влошуваат меѓуетничките тензии.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески