(ВИДЕО) Српски Курир: Усташ беше лидер на демонстрантите во македонското Собрание

Од:

Припадник на фашистичкото усташко движење ХОС, беше еден од лидерите на демонстрантите кои што вчера ги нападнаа пратениците во македонското Собрание, пренесува српски Курир.

Хулиганот кој што носеше маица на ХОС (Хрватски одбранбени сили) со натпис „За дом спремни“ влета во парламентот со маскираните демонстранти, пишува Курир.

Во текстот на Курир стои дека на дел од снимките од инцидентот јасно може да се забележи членот на фашистичкото усташко движење како ги напаѓа пратениците.

ХОС е формирано на почетокот на војната во Хрватска од страна на екстремните националисти Добрислав Парага и Анте Параџик. Бројните припадници на ХОС за време на војните на Балканот во деведесетите години носеа црни униформи и усташки симболи од Втората светска војна, пишува Курир.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието