МВР: Нормализирана состојбата во централното градско подрачје

Од:

„Министерство за внатрешни работи информира дека безбедносната состојба во централното градско подрачје, околу и во собранието е нормализирана со воспоставување на нарушениот јавен ред и мир.

Поради претходната севкупна безбедносна состојба МВР-СВР Скопје ќе преземе дополнителни мерки и активности со цел заштита на сигурноста на граѓаните, објектите и обезбедување стабилна и поволна безбедносна состојба.

До 23.30 часот во Градската општа болница 8-ми септември, Градска болница Св Климент Охридски и Клинички Центар лекарска помош побарале 70 граѓани, 22 полициски службеници и тројца пратеници.

Дополнително во Касарната Ѓорче Петров лекарска помош укажана е на уште седум лица. Во моментов во Собрание на Р. Македонија нема повеќе граѓани, а граѓаните кои протестираа се надвор oд собранието“ се вели во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски