Пехчево и Делчево со заеднички проект за енергетски ефикасни општини

Од:

Делчево и Пехчево заедно ќе работат на кампања за енергетски ефикасни општини во рамки на проектот поддржан од ЕУ „Кампања за енергетска ефикасност на објекти во микрорегионот Пијанец- Малеш“.

На првата работилница која се одржа во Делчево беше направена анализа на досегашнте програми за енергетска ефикасност и нивната реализација.

Тони Стоименовски од Регионалнот центар за застапување од Делчево потенцираше дека на работилницата се присутни сите претставници од локалните институции, невладините и општините со цел да се направи сеофатна анализа на оваа проблематика.

– На оваа работилница ќе направиме анализа на исполнетоста на програмите за енергетска ефикасност со претставници од локалните институции, за да видиме колку се имплементирани тие проекти и во делот на јавниот сектор и јавното осветлување, односно колкав процент мерки се преземени, рече Стоименовски.

Тој истакна дека целта на овој проект е да се потенцира предноста на енергетската ефикасност.

За потребите на проектот е изработена и анкета на 1.000 испитаници за примена на мерките за енергетска ефикасност во приватниот сектор, а наредниот месец ќе се одржу иформативен ден во Делчево за придобивките на енергетската ефикасност. Проектот го спроведуваат НВО Регонален центар за застапување од Делчево и Амброзија од Пехчево, со поддршка на Милеуконтакт Македонија, Коцка и Фронт.

Би можело да ве интересира

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Изгоре единственото противпожарно возило на пожарната од Пехчево

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот Китански побара помош од доброволци за гаснење на пожарот во Пехчево

Нов пожар кај Пехчево

Китановски: Три хеликоптери се вклучуваат во гаснењето на пожарите во Пехчевско

Горан Наумовски