Откако „го размрда“ пазарот со услугата за изнајмување превоз, следна цел за наредните три години на Убер Tекнолоџис е – освојување на небото, и тоа со летечи такси возила.
– До 2020 година се планирани тестирања во Далас и во Дубаи. Целта е по три години да можеме да почнеме со продажбата, изјави главниот производствен директор на компанијата, Џеф Холдон на конференцијата која се одржа деновиве во Далас.
Летечките таксија на Убер ќе бидат мали, тивки електрични превозни средства, коишто ќе полетуваат и слетуваат вертикално, без никаква емисија на штетни материи.