Венецуелската полиција ги прекина синоќешните протести во Каракас со солзавец

Од:

Илјадници лица се собраа синоќа повторно да протестираат во Каракас. Нема показатели за намалување на антивладиното движење, а досега загинаа 29 демонстранти.

Лицата кои протестираат преминаа преку центарот на Каракас во обид да стигнат со народниот правобранител Тарек Вилијам Сааб.

Венецуелската полиција ја запре групата со солзавец пред да стигне до канцеларија на Сааб.

Како мерка против евентуалните протести, венецуелски воени единици беа распоредени и покрај Националниот изборен совет и Врховниот суд во Каракас.

Протестите против венецуелскиот претседател Николас Мадуро што создаваат немири во земјата од почетокот на април, доведоа до најтешкиот бран на насилство од 2014 година.

Демонстрантите бараат избори, преку кои ќе се стави крај на дводецениското управување на социјалистите. За гневот придонесе и жестоката економска криза.

Кризата ги вознемири земјите во регионот, поради што Организацијата на американски држави (ОАД) побара вонредно заседание, посветено на Венецуела.

Откако синоќа беше донесена одлука за одржување на вонредно заседание, венецуелскиот министер за надворешни работи Делси Родригес изјави дека Венецуела ќе започне процедура за излегување од ОАД.

– Одлуката е знак на протест за кампањата што започна во Вашингтон, против социјалистичката Влада на земјата, посочи Родригес.

Тој претходно предупреди дека Венецуела може да ја напушти ОАД, доколку регионалното обединување одржи седница на ниво на министри за надворешни работи, посветено на ситуацијата во земјата, без согласност од Каракас.

Од почетокот на април во Венецуела се одржуваат антивладини протести, што често преминуваат со судири со венецуелската полиција. Досега се уапсени над 1.300 лица.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски