Венецуела ќе започне процедура за излегување од Организацијата на американски држави (ОАД), изјави денеска венецуелскиот министер за надворешни работи Делси Родригес.
– Одлуката е во знак на протест за кампањата што започна во Вашингтон, против социјалистичката Влада на земјата, посочи Родригес.
Тој претходно предупреди дека Венецуела може да ја напушти ОАД, доколку регионалното обединување одржи седница на ниво на министри за надворешни работи, посветена на ситуацијата во земјата, без согласност од Каракас. Одлуката за спроведување на такво заседание беше донесена синоќа.
Од почетокот на април во Венецуела се одржуваат антивладини протести, што често преминуваат со судири со венецуелската полиција, потсетува ТАСС.
Според невладините организации, во текот на изминативе недели биле уапсени над 1.300 лица, а насилството веќе го одзеде животот на речиси 30 лица.