Министерот Нухиу се сретна со претставници на Европската федерација на новинари

Од:

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска имаше средба со претставници на Европската федерација на новинари, Европскиот центар за слобода на печат и медиуми и со претседателот на Здружение на новинари на Македонија Насер Селмани, соопшти МВР.

– На средбата со претставниците на Европската федерација на новинари, Европскиот центар за слобода на печат и медиуми ветивме дека вратите на Министерството за внатрешни работи ќе бидат отворени за претставниците на медиумите кои се залагаат за објективно и професионално новинарство. Сугестиите за поголема безбедност на вработените во медиумите и почитувањето на професионалното новинарство секако дека ќе имаат влијание врз повторно разгледување на мерките и активностите на МВР за почитување на оваа демократска вредност, истакнал министерот Нухиу.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров