Попоски на конференција во Брисел

Од:

Заменик – претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски, денеска во Брисел ќе учествува на Меѓународната конференција „Незавршена правда: реституција и сеќавање”, посветена на жртвите од Холокаустотот, соопшти МНР.

Kонференцијата што ќе се одржи во Европскиот парламент, ја организираат Европската алијанса за преживеаните од Холокаустот (EAHS), коалицијата на членовите на ЕП посветена на прашања на преживеаните од Холокаустот, Светската еврејска организација за реституција (WJRO) и Европскиот институт за Холокаустот (ESLI), заедно со Европскиот еврејски конгрес (EJC) и B’nai B’rith International, како и постојаните мисии во ЕУ на Израел, Чешката Република и Велика Британија и нивните министерства за надворешни работи. Собирот ќе го отвори претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани.

На конференцијата ќе се разговара за процесот на реституција на жртвите од Холокаустот согласно обврските од Терезинската декларација од 2009 година, со посебен фокус на моменталната состојба, најдобрите практики и методи од Европската унија за решавање на овие прашања, со цел побрз напредок на овој план.

Република Македонија е трајно посветена кон грижата за нејзините граѓани Евреи, го заврши процесот на реституција на македонските Евреи жртви на Холокаустот и вложува континуирани напори на полето на сеќавањето, образованието и истражувањето на Холокаустот, се наведува во соопштението од македонското МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија