СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не шири паника и да не лаже во врска со Буџетот

Од:

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своите обиди за манипулирање со јавноста, велат од СДСМ во нивната реакција на изјавата на Александар Николов.

– Комисијата за финансирање и буџет работи со полна пареа. Досега се одржаа 47 седници, и за за споредба, до денес исто толку пленарни седници има одржано Собранието. Оваа комисија и по статистика има најмногу одржани седници во однос другите матични работни тела. Комисијата работи нормално, ниту некој молчи, ниту чита поезија, туку се води суштинска дебата за Предлог Буџетот за 2013 година – се вели во соопштението на СДСМ.

Како што велат од таму, амандманите на опозицијата се добри предлози, кои се исклучиво во интерес на граѓаните на Република Македонија и наместо да ја обвинуваат опозицијата за наводни блокади, ВМРО ДПМНЕ треба ги прифати амандманите, па расправата веднаш ќе заврши.

– Дополнително, груба лага и манипулација дека евентуалното доцнење на усвојувањето на Предлог Буџетот за 2013, ќе ги доведе во прашање платите, пензиите, социјалните трансфери, субвенциите на земјоделците или другите трансфери – велат од опозициската партија.

Оттаму упатуваат повик до ВМРО-ДПМНЕ за, како што велат, да престанат со неоснованото ширење на паника, бидејќи законот јасно утврдува дека дури и со евентуалното доцнење на усвојувањето на предлог Буџетот за 2013, нема да страдаат ниту пензионерите, ниту социјалните групи, ниту земјоделците, ниту било кои друга категорија на граѓани на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ