Делегација на Министерството за одбрана предводена од министерот Зоран Јолевски од денеска ќе учествува на тридневниот Саем за воена и одбранбена индустрија АСДА 2017 што ќе се одржи во Сплит, Хрватска.
За време на саемот македонската делегација ќе се запознае со најновите достигнувања во доменот на наменската индустрија на земјите излагачи, а министерот Јолевски предвидено е да оствари повеќе билатерални средби со претставниците од Хрватска, САД, Турција, Шведска и Босна и Херцеговина.
На саемот АСДА учествуваат производители на напредни одбранбени технологии. Саемот е посетен и од министри за одбрана и претставници од министерствата и армиите од 74 држави во светот.