Експерти од Научно-техничкиот универзитет во Хофеи во источна Кина организираа интервју преку Скајп на новинарот Кевин Кели од САД, со хуманоидниот робот Џиа-Џиа, којшто има изглед на девојка.
Интервјуто се одвивашеше на англиски јазик. Прашан – каде е Големиот кинески ѕид, „таа“ одговори само – „Кина”.
Џиа-Џиа сепак не знаеше колку букви има во англиската азбука.
При обидот за дијалог, одговараше неповрзано, а пред секој одговор долго молчеше.