Македонскиот државјанин Идриз Зекири е осуден од страна на чешкиот суд на 7.5 години затвор поради шверц на хероин.
Тој во 2011 година бил пуштен од затвор на условно, каде издржувал петгодишна казна за недозволено држење и производство на дрога и недозволено поседување на оружје.
Последниот пат беше уапсен откако на пат кон чешкиот град Плзењ во неговиот автомобил биле пронајдени две кеси со еден килограм хероин, кои биле скриени.