Пријавувањето штети на земјоделските култури во велешко почнува денеска и ќе трае до 2 мај.
Градоначалникот на општина Велес, Славчо Чадиев денеска на прес-конференција рече дека граѓаните кои сакаат да пријават штети на земјоделските култури треба од граѓанскиот сервис центар да подигнат образец „Пријава за настаната штета од елементарна непогода“, која може да ја преземат и од интернет страницата на општината www.veles.gov.mk .
Пополнетата пријава, посочи, потребно е да се достави до архивата на општината, а со пријавата треба да се приложат и копиии од лична карта, трансакциска сметка, имотен или поседовен лист.
Тој додаде дека по завршување на овој рок по сите пријави ќе постапи Општинската комисија за проценка на штети.