СДСМ со предлог за ново кривично дело „необјавување и прикривање на јавен долг“

Од:

„Веќе подолг временски период во јавноста постојат дилеми околу висината на задолженоста на Република Македонија што отвара сомневања кај граѓаните, дека на земјата и се заканува банкрот односно “грчко сценарио“. Објавувањето на вкупните долгови на земјата по сите основи, се клучен критериум за оценка на степенот на транспаретноста и довербата во институциите на власта“, рече проф. д-р Рената Тренеска Дескоска на прес конференција.

За таа цел, СДСМ во Собранието на Република Македонија, ќе поднесе предлог за воведување на ново кривично дело, „необјавување и прикривање на јавен долг“, како и измени и дополнувања на Законот за јавен долг.

Прифаќањето на овие предлози ќе значи:

Прво, дека висината на задолженоста на земјата, ќе биде транспарентна и јавно достапна информација за сите граѓани на Република Македонија.

Второ, фактот дека би постоела кривична одговорност за необјавување и прикривање на јавниот долг, на граѓаните и стопанството ќе им создаде поголема сигурност во објавените податоци.

Сметаме дека не постои ниту едно логично образложение или причина, овие наши предлози да не бидат прифатени од страна на власта.

Токму кај нашиот јужен сосед ги видовме последиците од недостатокот на соодветни механизми кои ќе ги спречеа манипулациите со висината на нивната задолженост.

Доколку власта не покаже политичка волја да ги прифати овие предлози, само дополнително ќе ги продлабочи сомневањата во степенот на задолженост на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ